На 23 јуни 2016 во Хрватска се одржа средба меѓу ректорот на ТГУ „Г. Р. Державин“ Владимир Стромов и долгогодишните партнери на универзитетот – основачи на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Јордан Ѓорчев и Борче Серафимовски. И обете страни на преговорите и посветија посебно значење: Универзитетите се наоѓаат во институционално дефинирана состојба, реализираат заеднички образовни програми, социјални проекти, но динамиката на современиот свет, потребата за екстракција на конкурентските предности од соработката бара нејзина корекција и разновидност.
Ние се договоривме за проширување на врските – рече Владимир Стромов. – Главното тежиште во образовниот процес ќе го концентрираме на создавање паралелни и заеднички образовни програми со издавање на двојни дипломи. Ќе ги развиваме заедничките проекти на размена. Таму, каде што е можно, ќе ги вклучиме професорите од двата универзитета во локалните настани. Основно е да потенцираме, дека нам ни е неопходно да го искористиме потенцијалот на синергија на нашата соработка за нагло зголемување на квалитетот на настава, што значи и престиж на издадените дипломи.
За важноста на соработката со Тамбовскиот државен универзитет зборува и Јордан Ѓорчев
Ние скоро 10 години го негуваме пријателството, – зборува г-дин Јордан Ѓорчев. – Јас гледам, дека се појави плодотворна наставна и научна соработка меѓу професорите. Тоа е најважниот индикатор на ефективноста, искреноста на нашите односи, оправданоста на избраната стратегија. Покрај тоа што се интегрираат не само универзитетите, научните школи, туку се испреплетуваат и личните судбини на луѓето – професори и студенти, значи ние сме направиле пат. Јас го гледам сето ова и се радувам. Оваа година ние воспоставивме уште една перспективна насока. Тамбовските археолози учествуваа во археолошки ископувања на територијата на Македонија. Се запознаа со наши историчари и археолози. Мислам, нивните контакти веќе никогаш нема да престанат.
Учесниците на средбата беа едногласни и во разбирањето на соработката меѓу двата универзитета како сериозен фактор на развој на односите меѓу Русија и целиот Балкан. Според мислењето на Борче Серафимовски, токму така се перципира партнерството во македонското општество:
Македонците со многу топлина понекогаш го нарекуваат нашиот универзитет Руски институт. Тоа не е само знак на почит кон рускиот партнер, туку и го потенцира посебниот однос кон Русија од страна на словенските народи на Балканот. Во историската меморија на балканските народи засекогаш останува улогата на Русија во нашето ослободување.
Владимир Стромов ја потенцира ситуацијата која излегува далеку надвор од рамките на традиционалните академски соработки.
ТГУ се доживува на балканот како ополномоштен претставник на Русија. Јас ја гледам политичката актуелност во нашата соработка, – вели Владимир Јурјевич. – сега на Балканот Русија е претставена многу слабо. Во социјално – политичкиот простор на Балканот Русија скоро и да ја нема. Нашиот универзитет на очигледен начин ја пополнува постоечката празнина. Ние го гледаме добриот однос кон нас и на ниво на политички елити и меѓу обичните луѓе. Затоа јас го сметам партнерството на ТГУ за нов придонес во развојот на односите меѓу Русија и Балканот.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |