Нашите ракометарки од ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет учествуваа на турнирот кој го организираше ЖРК Ѓорче Петров. Ракометарките одиграа три одлични натпревари и покажаа дека можат да се натпреваруваат и со екипи кои настапуваат во европските првенства. Нашата стипендистка и ракометарка, Ангела Костовиќ, со постигнати 24 гола во текот на трите одиграни натпревари беше прогласена за најдобар стрелец на турнирот.
Честитки за Ангела Костовиќ и за покажаната игра на сите ракометарки.