Нашата студентка Биљана Лотеска доби Признание за просветен работник на годината 2020/2021

Се одржа онлајн конференцијата Cybersecurity in the Balkans (online conference)
4 октомври 2021
Денес во МАНУ започна Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток-запад“
6 октомври 2021

Нашата студентка Биљана Лотеска доби Признание за просветен работник на годината 2020/2021

Годинава за Светскиот ден на учителите имаме да споделиме убава вест! Нашата студентка Биљана Лотеска доби Признание за просветен работник на годината 2020/2021 од Сојузот на просветните работници на РСМ за особени резултати во воспитно-образовната работа и други активности врзани со предучилишната установа – детска градинка.



На нашата студентка Биљана Лотеска, воспитувачка во ЈУДГ „Детска радост“ – Скопје, Министерството за образование и наука и додели и Плакета за вонредни ангажирања и придонес во унапредувањето на воспитно-образовната дејност на работното место.

Наградата на Биљана и беше врачена од министерката Мила Царовска по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите.



Биљана Лотеска работи и како координатор на Еразмус+ проекти, еТвининг Амбасадор за детските градинки. Ова е трета ваква награда за нашата студентка која во 2012 година ја доби наградата „Големата Мајка“, а во 2019 година – Просветен работник на Град Скопје.