Денес во МАНУ започна Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток-запад“

Нашата студентка Биљана Лотеска доби Признание за просветен работник на годината 2020/2021
5 октомври 2021
На МСУ во Свети Николе продолжи Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“ со втората и третата сесија
7 октомври 2021

Денес во МАНУ започна Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток-запад“

Околу 20 врвни филозофи од универзитети од САД, Србија, Русија, Словенија, Хрватска, Белгија, Грција, Австрија, Босна и Херцеговина, Германија, Унгарија и Северна Македонија земаат учество на Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“.

Отворањето и првата сесија на филозофскиот дијалог се одржаа на 6 октомври 2021 во просториите на МАНУ, со почеток од 11:00 часот. Во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Филозофското друштво на Македонија од 6 до 8 октомври 2021 година се одржува Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“, откако неговото одржување беше одложено поради пандемијата во 2020 година. Настанот беше хибриден и можеше да се следи, како и да се поставуваат прашања преку платформата Zoom.



Свои обраќања имаа академик Владо Камбовски од МАНУ, проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ, проф. д–р Ана Димишковска раководител на Институт за филозофија при УКИМ и претседателот на Филозофско друштво на Македонија, Љупчо Митковски.



На првата сесија свои излагања имаа:

  • Драган Проле, професор и раководител на Катедра за психологија, Факултет за психологија, Универзитет во Нови Сад, Србија на тема Political Culture of Collective memory


  • Константин Шевцов, професор на Катедрата за филозофија и социјални комуникации, Факултет за хуманистички науки, Државен универзитет за цивилна авијација во Санкт Петербург, Русија на тема The Presence Distributed in The World. About The Truth of Memory


  • Гашпер Пирц, доцент на AMEU, Institutum Studiorum Humanitatis, Љубљана, Словенија на тема Memory And Social Recognition in The Current Social and Political Climate


  • Љубомир Гајдов, предавач, Корпоративна етика, Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ – Скопје и Поранешен претседател на Македонско-израелската асоцијација за пријателство и соработка, на тема Holocaust Memory Between Revision and Culture of Remembering.


Годинешна тема на собирот е „Phylosophy of Memory“. На овој настан секоја година учество земаат истакнати академици, професори и филозофски истражувачи од повеќе земји. Годинава дијалогот се одржува во Скопје (МАНУ) и Свети Николе (Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.



На 7 октомври (четврток) дијалогот продолжува во Свети Николе, во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин”, со почеток во 10 часот. Собирот завршува со последната сесија на 8 октомври (петок) во Свети Николе, со почеток во 11 часот.