Наградата МАКЕДОН за претседателот на Управен одбор на МСУ, д-р Јордан Ѓорчев

Над 350 дипломци и магистри ги добија своите дипломи на свечени манифестации во Свети Николе и Битола
24 мај 2018
Завршни разговори за Мастер студиите со Економскиот факултет од Љубљана
11 јуни 2018

На 25-ти мај во Сомбор се одржа ликовна изложба, музичка промоција и книжевна вечер на третата по ред СРМА (Србија-Македонија) – културна активна размена. Настанот се одржа во организација на Македонскиот информативен центар – МИЦ, Белград и Здружението на Македонци од Западнобачкиот округ ПЕЛА, Сомбор.

На претседателот на Друштво на писатели на Србија, Радомир Андриќ, му беше врачена диплома за почесен професор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.

Во рамки на книжевната вечер, на претседателот на Управен одбор на МСУ, д-р Јордан Ѓорчев му беше врачена престижната награда МАКЕДОН, поради остварената добра соработка помеѓу Македонија и Србија.

Свои стихови читаа д-р Јордан Ѓорчев, Стојан Бербер, Давид Кецман, Зденка Феќвер, Миленко Попиќ, Виктор Шеќеровски, Рајко Игиќ и Радомир Андриќ.