На 23-ти мај во Битола и 24-ти мај во Свети Николе, од страна на ректорот, проф. д-р Ленче Петреска, деканите и претставниците oд факултетите, беа свечено доделени дипломите од прв и втор циклус на студии на петте факултети при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Ова е единаесеттата генерација дипломци на Меѓународниот Славјански Универзитет, а петта генерација на магистри.
Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ постои веќе 15 години, располага со два кампуси во Свети Николе и Битола и е втор дом на повеќеод 2000 студенти.