Денес, 05.12.2018, во организација на Министерството за образование и наука и училиштето домаќин СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе се одржа Лидер во струката – натпревар на државно ниво за учениците од земјоделско-ветеринарната струка. Натпреварот се одржа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.
Учениците се натпреваруваа во два образовни профили: техничар за агроменаџмент и ветеринарен техничар. Во дисциплината техничар за агроменаџмент првото место го освои ученикот од Адриан Ѓоргиев од СОУ Кочо Рацин“ – Свети Николе, а во образовниот профил ветеринарен техничар првото место го освои ученикот од Драги Митаноски од СОУ „Орде Чопела” Прилеп.
На настанот им беа доделени дипломи на победниците и на наставниците – ментори.