На Славјански во Св. Николе се одржа државен натпревар Лидер во струката

Работилница на тема „Безбедност на машини“
3 декември 2018
Празникот Св. „Климент Охридски“ – 8 декември 2018 година – неработен ден
7 декември 2018

На Славјански во Св. Николе се одржа државен натпревар Лидер во струката

Денес, 05.12.2018, во организација на Министерството за образование и наука и училиштето домаќин СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе се одржа Лидер во струката – натпревар на државно ниво за учениците од земјоделско-ветеринарната струка. Натпреварот се одржа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.

Учениците се натпреваруваа во два образовни профили: техничар за агроменаџмент и ветеринарен техничар. Во дисциплината техничар за агроменаџмент првото место го освои ученикот од Адриан Ѓоргиев од СОУ Кочо Рацин“ – Свети Николе, а во образовниот профил ветеринарен техничар првото место го освои ученикот од Драги Митаноски од СОУ „Орде Чопела” Прилеп.

На настанот им беа доделени дипломи на победниците и на наставниците – ментори.