На Славјански во Св. Николе прославена руската Прочка – Масленица

Полагање цвеќе пред споменикот „Руски крст“ во Битола по повод „Денот на руската дипломатија“
9 февруари 2018
Конкурс за средношколски есеи – 2018
19 февруари 2018

На Славјански во Св. Николе прославена руската Прочка – Масленица

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија заеднички организираа прослава на рускиот празник Масленица (руска Прочка).

Прославата се одржа денес, 17.02.2018, во големиот амфитеатар на Славјански во Св. Николе. Посетителите уживаа во настапот на рускиот вокален ансамбл „Чајка“. Масленица претставува испраќање на зимата и дочек на пролетта. Тоа е еден од највеселите руски празници!

Еден од највпечатливите обичаи претставува палењето на сламената кукла, која ја симболизира старата година и сите неубави работи што се случиле. Се верува дека со палењето на куклата се ослободуваме од сите неубави работи. Денес имавме и мал пролетен базар на ракотворби, а изложувачи на базарот беа вештите членки на Артељ, здружение на рускојазични жени – ракотворки во Македонија!

За Масленица традиционално се подготвуваат и топли палачинки. По завршување на манифестацијата палачинките беа послужени во Ресторан „Златна Москва“. Влезот беше слободен за сите заинтересирани граѓани.