Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола започна проектот VoiceUp, со поддршка на USAID, кој има за цел да ги поттикне сите млади лица да ги изразат своите мислења и ставови преку социјалните медиуми.
Преку проектот ќе бидат организирани настани во неколку градови во Македонија, каде што учесниците ќе можат да ги прошират своите знаења во врска со создавањето на вакви содржини.
Целта на овој проект е да помогне да се подигне нивото на свест кај младите за моќта којашто може да ја имаат социјалните медиуми, како и за потенцијалната општествена ангажираност што може да се добие преку нивно користење. Истите претставуваат важна платформа за отворање и дискутирање важни прашања од јавен интерес, кои во традиционалните медиуми речиси и да не се појавуваат.