Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржа работилница за утврдување на превентивен протокол за препознавање на рани фази на зависност од марихуана и синтетички дроги кај децата и младите, како дел од проектот „Градење на еластични (резилиентни заедници) на пролиферација на марихуана и синтетички дроги во училиштата за да ги заштитиме децата и младите“.
Организатор на настанот е невладината организација Двојна надеж, а проектот е поддржан од Global Initiative against Transnational crime и Resilience fund. Предавач на работилницата беше м-р Милена Спасовска, асистент на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.