На 08.04.2022 година (петок) се одржа предавање на тема „Развој на човечките ресурси“ на кое предавач беше Ана Андова. Предавањето беше бесплатно и се одржа на кампусот на МСУ во Битола со физичко присуство. После предавањето се разви дискусија со присутните и се споделија искуства од областа на човечките ресурси.
Ана Андова е дипломиран психолог (во пензија) поранешна претседателка на Комора на психолози на РМ во два мандати и поранешен раководител на Служба за човечки ресурси во Фени индустри АД.