На МСУ се одржа првиот дел од обуките за европско финансирање преку европски програми

Практична настава на студентите од Безбедносно инженерство
16 мај 2019
На МСУ во Битола гости од програмата на Еразмус +
21 мај 2019

На МСУ се одржа првиот дел од обуките за европско финансирање преку европски програми

Денес, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, се одржа првиот дел од обуките за европско финансирање преку европски програми.

Денешното предавање беше за Преглед на европските фондови и програми за поддршка на развојот на Република Северна Македонија. 

Предавањето беше поделено на четири дела, на следниве теми:

  1. Преглед на главните европски програми и грантови
    Предавач: Веселин Халачев – Претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската Алијанса на малиот бизнис (ESBA) – Брисел, со ресор „Европски програми и европски
    фондови”
  2. Horizon 2020 (буџет од 79 милијарди евра), COSME (буџет од 2,03 милијарди евра) –
    програми управувани директно од Европската Комисија и Европската Унија, со апликација директно во Брисел. Насоки, мерки, отворени и очекувани  повици за предлог проекти. Она што не чека во следниот програмски период 2021 – 2027.
    Предавач:  Кремена Димитрова – член на бордот на директори на ОБК и директор на Дирекцијата за европски фондови на ОБК
  3. Програми управувани на ниво на група од држави. INTERREG. Средства за прекугранична, транснационална и меѓурегионална соработка. 
    Предавач: Веселин Халачев.
  4. Програми водени од државни институции и тела на национално ниво (Република Северна Македонија). Инструментите за предпристапна поддршка IPA II и IPARD II, донатори
    за различни активности во областа на државната и општинската инфраструктура, заштита на животната средина, образованието, економијата, земјоделието итн.
    Предавач:  Кремена Димитрова

Повеќе информации во врска со обуките и пријавувањето на следниов линк

Овие обуки се корисни за претставници на државната и општинската администрација, бизнисот, невладини организации, културни и спортски организации, училишта, универзитети и
други профили.