Деновиве во официјална работна посета на Меѓународен Славјански Универзитет беше претседателот на Балканскиот Универзитетски Центар, проф. д-р Христо Бонџолов. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката, како и за развивање и реализација на нови проекти.
Балканскиот Универзитетски Центар е меѓународна невладина организација во која членуваат повеќе универзитети од Балканот поврзани со заеднички интерес – за подобрување на квалитетот на високото образование, заедничко учество во европски проекти како и зголемување на соработката помеѓу балканските држави.