На Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола беше одбележана Европската недела за тестирање на Хепатитис и ХИВ во соработка со Хепар центар од Битола и Заводот за јавно здравје.
Целта на одржаното предавање беше подигнување на здравствената свест и култура, со можност присутните да направат и тестирање кое го спроведоа вработените во Центарот за јавно здравје од Битола.