МСУ објавува конкурс во рамки на програмата Еразмус+

Учениците од „Јане Сандански“ – Битола на практична работа во МСУ
6 ноември 2019
Гостување на претставници од Великотрновскиот универзитет во рамки на Еразмус+ програмата
11 ноември 2019

МСУ објавува конкурс во рамки на програмата Еразмус+

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола објавува

КОНКУРС

во рамки на програмата Еразмус+
Акција 1: Индивидуална мобилност за студенти и административен кадар
за летен семестар во академската 2019/2020 година


Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ клучна акција KА103 на Европската комисија, Меѓународниот Славјански Универзитет распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и административен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии.


Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр.
Времетраење на мобилноста на административниот кадар: 1 недела (до 5 работни денови).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори помеѓу МСУ и ЕУ универзитетите.


Потребни документи за мобилност на студенти


Сите документи за аплицирање се достапни на интернет – страната на Универзитетот  www.msu.edu.mk.

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за студирање (Learning agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30 ЕКТС);
  • уверение за положени испити на македонски јазик;
  • најмалку една препорака од предметните професори;
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model).

Висината на стипендијата за студентите изнесува 470-520 EUR месечно, согласно земјата во која се престојува (Калкулатор за мобилност).

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.


Потребни документи за мобилност на административен кадар


Мобилност за административен ангажман (training):


Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за прв пат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примероци до Еразмус+ координаторот на факултетот каде студираат, најдоцна до 25.11.2019 (еден примерок за Еразмус+ коoрдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на МСУ).

(Листа на склучени договори со ЕУ Универзитети).

Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 05.12.2019.


За сите потребни информации, студентите може да пишуваат на следниот маил: international@msu.edu.mk.