На 21.03.2019 во просториите на Меѓународен универзитет „Визон“ во Гостивар се одржа конститутивната седница на Конференција на приватни високообразовни установи во Република Северна Македонија. Претставници од 11 приватни високообразовни институции во земјава, меѓу кои и Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ формираа тело за меѓусебна соработка и потпишаа заедничка спогодба.
Спогодбата ја потпишаа осум универзитети и три високи стручни школи.
За претседател беше избран проф. Д-р Томе Неновски од Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, а за заменик – претседател беше избрана проф. Д-р Ленче Петреска, ректорка на Меѓународниот Славјански Универзитет.