Mеѓународен Славјански Универзитет и Институтот за култура и уметност со нов проект

Известување за СЕПТЕМВРИСКА испитна сесија
20 јули 2022

Mеѓународен Славјански Универзитет и Институтот за култура и уметност со нов проект

МСУ преку својот Институт за култура и уметност започнува нова мисија, нов проект.
Проектот е наречен „Балканиум“ – електронски весник за хумор, сатира, карикатура и општествена мисла во кој ќе можете да најдете творби од познати македонски, балкански и светски автори. Главен и одговорен уредник на списанието е познатиот афористичар и хуморист, Васил Толевски.
Се надеваме дека со овој проект ќе пополниме една празнина која постои во сферата на творењето од овие области. Со надеж дека овој проект ќе Ви се допадне и дека ќе уживате и со нетрпение ќе го очекувате првиот редовен број на 1 септември 2022 година, Ви посакувам да останете живи и здрави во весело и празнично расположение.
Проф. д-р Јордан Ѓорчев,
Претседател на Управен одбор на МСУ.