Изминатата година Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на рекорден број Еразмус+ студенти. Помеѓу нив беше и Mартина Псотова, студентка која дојде на Еразмус+ мобилност за студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Трнава, Словачка. Таа студираше еден семестар на додипломските студии на Факултетот за психологија при МСУ.
Mартина Псотова беше присутна на сите предавања, испитите ги полагаше со физичко присуство на кампусот во Свети Николе и беше во константна комуникација со професорите и вработените во Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ. Мартина треба да ги полага сите испити во Јануарската испитна сесија, по што се враќа на својот универзитет во Словачка.
Студентите на Меѓународен Славјански Универзитет исто така имаат можност да поминат по еден семестар на некој од европските универзитети во рамки на Еразмус+ програмата.