Изминатата година Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на рекорден број Еразмус+ студенти. Помеѓу нив беше и Марија Фсадни, студентка која дојде на Еразмус+ мобилност за студенти од Универзитетот во Малта. Таа студираше еден семестар на додипломските студии на Факултетот за правни науки при МСУ.
Марија Фсадни беше присутна на сите предавања, испитите ги полагаше со физичко присуство на кампусот во Свети Николе и беше во константна комуникација со професорите и вработените во Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ. Марија треба да ги полага сите испити во Јануарската испитна сесија, по што се враќа на својот универзитет во Малта.
Студентите на Меѓународен Славјански Универзитет исто така имаат можност да поминат по еден семестар на некој од европските универзитети во рамки на Еразмус+ програмата.