Ве известуваме дека Меѓународен Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ за првпат на овие простори воведе курс насловен „Латински за правници“, кој заврши успешно на 30.12.2021. Објавуваме дека во летниот семестар 2022 повторно го организираме овој курс, кој може да го слушаат не само студентите на Факултетот за правни науки и правници воопшто, туку сите заинтересирани да ја совладаат латинската (правна) терминологија со која речиси секојдневно се сретнуваме.
Курсот се состои од 22 предавања, кои ќе се реализираат двапати неделно во траење од 60 минути.
Курсот ќе започне на 28.02.2022 и ќе се одржува секој понеделник и среда од 18:30.
Предавањата ќе се одвиваат преку платформата ZOOM.
Слушателите на крајот од секој курс ќе добијат сертификат издаден од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ за познавање на латинската правна терминологија.
Пред сè запознавање со правната терминологија преку запознавање на контекстот во кој се појавува, што значи основни запознавања со контекстот на Римското право и римската правна култура.
Предавањата ќе бидат на англиски јазик, така што курсот лесно ќе можат да го следат и заинтересирани слушатели од земјите од регионот (Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија) и пошироко.
Предавањата ги држи проф. д-р Даниела Тошева, дипломиран класичен филолог, која има преведено значајна литература од латински и од старогрчки јазик што се однесува на римското право.
Овој курс овозможува запознавање со правната терминологија пред сè, која потекнува од латинскиот јазик (латинизми), како и со латинските изрази (изрази кои се употребуваат во својата автентична форма) кои сè уште се користат и во правото, но и во други области од нашето живеење. Имено, слушателот ќе се увери дека не станува збор за „мртов“ јазик, туку јазик кој сè уште се користи во современите јазици и служи за образување нови термини, особено во науката. Покрај ова, курсот овозможува основна комуникација на латински јазик, која не е обременета со граматика, а овозможува полесно совладување на содржините кои се наведени, според програмата на Кембриџ (се следи животот на семејството на Цецилиј, чиј дом е пронајден во урнатините на Помпеи). Курсот ќе го оспособи слушателот не само да ја употребува латинската терминологија и латинските изрази, туку да ги употребува соодветно.
Всушност, целта е практична. Затоа, не е предвидено содржините да се учат таксативно, туку суштински, преку запознавање на контекстот во кој се појавува одреден израз, што подразбира запознавање на контекстот на Римското право и на римската култура пошироко, која е основа на современата европска култура. Тој начин на учење овозможува лесно паметење на терминологијата и примена во различни ситуации.
Предвидените изрази и латинизми се поделени во неколку теми, кои се однесуваат на:
Во рамките на секоја тема, освен запознaвање со контекстот и вежбите за правилна употреба на латинизмите и фразите, предвидено е да се следи латинскиот јазик преку семејството на Цецилиј, што овозможува базично запознавање со латинскиот.
Литература:
*Наведената литература не е задолжителна. Прилагодените содржини што ќе се работат, ќе им бидат достапни на слушателите по секој час.
Некои од материјалите ќе бидат достапни во електронска верзија.
Курсот „Латински за правници“ за мене беше многу корисен бидејќи ми даде нов поглед кон латинската правна терминологија. Ова не беше само сувопарно учење на правни термини, туку претставуваше подлабок увид во правната терминологија и латинскиот јазик, а преку споредба на историските и културни особености, ми овозможи подобро да го разберам значењето на многу од често употребуваните правни термини и нивното потекло и значење. Во кратки црти, многу корисно и би го препорачала на секој што има каков било контакт со правната терминологија или учење јазици. – Сања Данева, судски преведувач.
„Сè што е убаво, кратко трае па така и Курсот за латински јазик за правници. Јас никогаш не сум учел латински, а со курсот многу научив за латинскиот јазик.“ – Бојан Стефановиќ, студент на Факултетот за правни науки при МСУ.
Курсот „Латински за правници” топло го препорачувам на сите сегашни и идни правници, како и на секој кој е во допир со латинската правна терминологија. Курсот за мене беше доста корисен и поучен, затоа што ми даде широко толкување и разбирање на правната терминологија, на изразите (т.н. латинизми), кои секојдневно ги користиме, а потекнуваат од латинскиот јазик. Покрај изучувањето на латинскиот јазик и правната терминологија, преку курсот се запознав со животот на старите Римјани и со битните историски факти од тоа време. Самиот курс е дизајниран и прилагоден на модерните токови и е многу интерактивен и забавен. – Лидија Групчева, правник.
Курсот чини 6000 денари. Уплатата може да се направи онлајн на нашата веб страница.
Кликнете овде за да уплатите онлајн за курсот. Ќе бидете пренасочени кон веб страницата на нашиот Конференциски центар каде безбедно можете да ја направите уплатата за курсот.
За да се пријавите, Ве молиме пополнете ја следнава апликација:
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |