Ги известуваме сите наши студенти дека од 6 до 11 јули 2017 година во Охрид ќе се одржи руско-македонска отворена економска школа „Од заедничкото на културите кон взаемно економско влијание и соработка“ во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола, Р. Македонија и Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Тамбов, Русија.
Програмата на отворената летна школа нуди уникатен избор на предавања, специјално подготвени и насочени кон развој на стручните комуникативни искуства на идните економисти и раководители, а исто така и на идните менаџери и специјалисти од областа на IT.
Партиципација за учество 5000 денари. Програмата за школата е дадена овде.
Ги покануваме студентите од универзитетот да земат активно учество на отворената економска школа. Своето учество на летната школа „Од заедничкото на културите кон взаемно економско влијание и соработка“ веќе го потврдија учесниците од Србија, Бугарија, Русија.
За повеќе информации контактирајте нè на +389 32 440 330 (Елена Златева), секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, или на zlatevaelena@yandex.ru Пријавувањето е до 20-ти јуни 2017 година.