Дополнување: Известување за пријавување за втор јунски испитен рок – 2020
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека испитната сесија во август (втор јунски испитен рок) ќе се одржи од 17 август 2020 година до 30 август 2020 година. Испитната сесија ќе се одржи онлајн.
Пријавувањето на испитите ќе се врши онлајн според утврдена постапка и протокол кој како информативна соржина ќе ви биде достапен на нашите информативни електронски гласила.
Распоредот ќе биде објавен во среда, 12 август 2020.
Пријавување на испитите
Пријавувањето и полагањето на испитите во август (втор јунски испитен рок) ќе се одвива електронски. Пријавувањето на испитите ќе трае од 3-ти до 13-ти август. Полагањата започнуваат од 17-ти август. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.
Испити полагаат сите студенти кои ги исполнуваат условите.
За да проверите дали ги исполнувате условите Ве молиме пополнете ја оваа форма. По пополнување на формата за еден до два работни денови ќе добиете одговор на Вашата електронска адреса дали ги исполнувате условите. Доколку ги исполнувате, ќе добиете упатство за пријавување на испитите електронски, и линк каде ќе можете да ја пополните вашата пријава.
Апликација за пријавување испит
Пријавувањето на испитите е завршено.
Сите испити ќе бидат спроведени онлајн
Сите испити во вториот јунски испитен рок ќе бидат спроведени онлајн преку апликацијата Zoom.
Услови за тестирање
камерата и микрофонот да бидат вклучени за време на полагањето, во спротивно истото ќе биде поништено
тестовите би се состоеле од неколку прашања кои би требало да се одговараат во форма на кратки есеи, со аргументирање на одговорите*
пополнетиот тест да се испрати до професорот во рамки на договореното време
квалитетот на вашите одговори ќе биде оценет според вашата способност да го примените знаењето за областа во која се тестирате
за дополнителни прашања консултирајте се директно со менторите или професорите, а можете да се обратите и на info@msu.edu.mk
Како ќе се спроведе тестирањето? – објаснување чекор по чекор
Испитот по определен предмет ќе се одржи во времето кое е објавено во распоредот.
Се вклучувате онлајн во договорениот термин на платформата Zoom. Линковите ќе ги добиете од службите за студентски прашања.
Додека сте онлајн професорот го забележува присуството и ги напоменува условите за полагање.
Професорот ќе ви соопшти дека преку опцијата Chat на платформата Zoom треба да ги доставите вашите е-маил адреси за да можеме да ви го испратиме тестот.
Ги внесувате е-маил адресите на chat на Zoom.
Администраторот ви го испраќа тестот на внесената е-маил адреса.
Имате ограничено време за да го решите тестот (околу 60 минути / зависи од професорот) со вклучени камери и микрофони. Ако некој ја исклучува камерата или микрофонот, тестот за него завршува.
Откако ќе истече времето имате обврска да го пратите тестот на меилот на професорот, пополнет. Толеранција за доцнење – 5 минути. Ако тестот се прати подоцна нема да се толерира, без разлика на причина. Во тие случаи може повторно да пополнува нов тест некој нареден пат по договор со професорот.
Доколку тестот бара решавање на задачи или пишување на хартија, професорот може да се договори со студентите наместо во Word, студентите да ги решат задачите на хартија, а да испратат фотографии од решените задачи на професорот, во истиот рок како и другите студенти.
Професорот (или администраторот во негово име) го потврдува приемот на тестот.
Професорот може да го промени или прилагоди форматот на тестот.
Професорот го оценува тестот и кога ќе има резултати ги соопштува на студентите на некое од наредните предавања, на меил, или на Е-учење.
Известување за начини на набавување на литература за испитите
Ве известуваме дека во моментов се достапни повеќе начини за да ја обезбедите потребната литература за студиите:
1. Книжарница во Свети Николе
Книжарницата во рамките на МСУ во Свети Николе прима нарачки во следното работно време:
понеделник – петок (08:00 до 15:00)
сабота (09:00 до 14:00)
Нарачки се вршат на 032 610 603 или на knigi@msu.edu.mk, во рамки на наведеното работно време. Правиме достава до вашите домови на сите изданија, можете да се јавите и да нарачате, изданијата ќе Ви бидат испратени уште истиот ден.
2. Електронска и бесплатна литература
Литературата за голем дел од предметите на факултетите на МСУ е веќе е достапна на E-учење на нашата веб страна и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив. На Е-учење можат да се најдат и презентациите од предавањата на повеќето професори и асистенти.