Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе академскиот сликар Димитар Стојанов ја имаше својата прва самостојна изложба на скулптури и графика.
Промотор беше директорот на Институтот за култура на Славјански, познатиот македонски писател и сликар и книжевен и ликовен критичар, проф. д-р Христо Петрески.
За делото на Димитар Стојанов исто така говореше и Димитар Лазов – Лав, претседателот на Здружението на ликовни уметници „Овчеполски спектар“ – Свети Николе.
Изложбата беше отворена од ректорот на МСУ, проф. д-р Душан Николовски.
Академскиот сликар Димитар Стојанов