Денес, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, на предавање по предметот Интелигенција, од смерот на Општа Психологија гостин беше детето генијалец од Велес – Христијан Арсов.
Нашите студенти кои присуствуваа на ова предавање имаа за можност да видат и слушнат што се знае ова дете.
Христијан има 8 години, оди во четврто одделение и посетува настава по математика со шестоодделенци, на свои три години веќе почнал течно да чита, прво латиница, а потоа и кирилица, а течно зборува и англиски и германски јазик. Најмногу ги сака математиката и астрономијата, а денес пред нашите студенти покажа како напамет множи со двоцифрени и троцифрени броеви, кажа кои се најголемите броеви и како се викаат, раскажа се за планетите и за се друго што знае. На кратко, тој денес одржа 2 часа предавање.