Денес, 26.10.2015 со почеток од 10:30 часот во конференциската сала на Ресторан Москва, Свети Николе, членови од Здружението на лица со церебрална парализа – Велес гостуваа и се претставија со своја програма.
На настанот присуствуваа наши студенти од Факултетот за психологија во Свети Николе и Битола, ученици од СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, како и претставници од Дневениот центар за деца заболени од церебрална парализа – Свети Николе.