Конкурс за средношколски есеи – 2022

10 Академии за 10 модерни професии – Генијален попуст од 15% само за студентите на МСУ на сите Семос Академии до 8-ми март
21 февруари 2022
Повик за упис на обука за CNC програмери и оператори – 2
24 февруари 2022

Конкурс за средношколски есеи – 2022

 


Резултати од конкурсот


  • Прва награда. Ангела Атанасовска – СОУ  „Таки Даскало“, Битола – Мигови за паметење
    • Златна плакета, таблет, МСУ подароци
  • Втора награда. Анамарија Шошкоска – СУГС „Георги Димитров“, Скопје – Смарагд на смртта
    • Сребрена плакета, сет за пишување и 5 книги, МСУ подароци
  • Трета награда. Дамјан Златановски – ОСТУ „Наце Буѓони“, Куманово – Што ми го краде сонот?
    • Бронзена плакета, сет за пишување и 3 книги, МСУ подароци

Менторите на сите учесници во конкурсот ќе добијат сертификати. Сите учесници (вклучувајќи и оние кои не победиле) ќе добијат:

  • печатен примерок од изданието „Средношколски размислувања 6“
  • МСУ подароци
  • сертификат за учество на конкурсот

Примероците од изданието „Средношколски размислувања 6“ ќе бидат испратени до крајот на месец Август.


Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Институтот за култура и уметност при МСУ „Г. Р. Державин“ и издавачката куќа Меѓународен центар за славјанска просвета – Свети Николе распишуваат

КОНКУРС

за најдобри средношколски есеи на следниве теми:

  • Посебноста на луѓето е во нивната емоционална интелигенција, во љубовта кон различниот од себе.
  • Вербалната комуникација на социјалните мрежи – иницијална каписла за реален општествен конфликт или?
  • Колку нашата визија се поклопува со нашата мисија?
  • Сите имавме маски и пред пандемијата. Која полесно ќе ја тргнеме од себе?
  • Креативноста не бара услови – условите ја пронаоѓаат
  • Уметноста ќе го спаси светот
  • Најстрашната дистанца за мене е…
  • Слободна тема

Шеста година по ред сме во потрага по оригинални есеи. Искрени, сатирични, духовити, храбри, креативни, интелигентни, емоционални, визионерски… Баш такви есеи какви што сакате да напишете! Есеи што навистина можат да ги отсликаат средношколските размислувања.

Есеите кои ќе пристигнат на конкурсот се објавуваат во печатена публикација „Средношколски размислувања“ и сите учесници ќе добијат примерок од публикацијата.

Насловите на темите се дадени само како насоки за авторот. Може да давате аргументи за и против, може да се согласувате и да не се согласувате со дадените теми. Во оформување на идејата (и колку апстрактна таа ќе биде) можете да имате целосна слобода. Важно е да се чувствувате слободни и сигурни во тоа што го пишувате.


 


1. Кој може да се пријави?


На конкурсот можат да учествуваат сите средношколци од Република Северна Македонија.


2. Кои услови треба да ги исполнува есејот?


Есејот треба да биде напишан на македонски, албански или англиски јазик и да ги исполнува следниве услови:

  • да биде напишан на една од дадените теми
  • да биде подготвен како MS Office Word документ (.doc или .docx) – А4 формат
  • да не надминува 700 зборови
  • фонт Times New Roman (со македонска/кирилична поддршка за есеите на македонски јазик);
  • маргини: лево, десно, горе и долу по 20 mm
  • да не биде навредлив кон ниту една етничка заедница, ниту смее да содржи говор на омраза базирано на раса, религија или пол

3. Освен есејот, дали е потребно да се достават дополнителни информации?


Потребно е на првата страница, пред почетокот на есејот, да бидат истакнати следниве податоци:

  • име и презиме на авторот
  • година на раѓање на авторот
  • име на училиштето и место
  • ментор (доколку има)
  • адреса и место на живеење на авторот
  • телефонски број на авторот
  • адреса за електронска пошта на авторот

4. До кога најдоцна треба да се испратат материјалите?


Конкурсот ќе трае од 21 февруари до 18 мај 2022 година, до 23:59 часот. Материјалите доставени после наведениот рок нема да бидат земени предвид.


5. Каде се испраќаат материјалите?


Есеите можете да ги прикачите во електронската пријава која е дадена подолу на оваа страница.  


6. Награди


Предвидени се специјални награди за

  • Прво место: Златна плакета, таблет, МСУ подароци.
  • Второ место: Сребрена плакета, сет за пишување и 5 книги, МСУ подароци.
  • Трето место: Бронзена плакета, сет за пишување и 3 книги, МСУ подароци.

За сите останати учесници ќе бидат подготвени подароци и сертификати за учество на конкурсот.


7. Критериуми


Важно е есејот да ги задоволува техничките барања кои се наведени во конкурсот. Ова ќе биде првата фаза на елиминација.

Сите есеи што ќе ја поминат првата фаза ќе бидат оценувани од страна на комисијата според следниве критериуми:

  • оригиналност, иновативност
  • стил и начин на изразување
  • добро организиран есеј со соодветна содржина и структура
  • разбирање на темата за која се пишува
  • јасна цел, добро аргументирање и конкретни примери
  • граматика и интерпункција

Организаторот ги задржува правата да го направи изборот на есеи кои ќе бидат објавени во збирката.


8. Објавување на резултатите


Резултатите ќе бидат објавени на оваа страница на 10 јуни 2022, најдоцна до 12:00 часот.


9. Промоција на збирката


Промоцијата на публикацијата насловена „Средношколски размислувања 6“ ќе се одржи на 25-ти мај во 12:00 часот.



Имате прашања?


За дополнителни прашања обратете ни се на следнава електронска адреса: esei@msu.edu.mk.


Апликација за пријавување


Формата е затворена и не може да се испраќаат повеќе апликации.