Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ кој е носител на Еразмус Повелба и е дел од оваа програма, со свој учесник – Еразмус+ институционален координатор м-р Јасмина Пресилска зеде учество на Еразмус+ контакт семинарот за Западен Балкан кој се одржа на 24.10.2019 и 25.10.2019 во „International Tirana Hotel“ во Тирана, Албанија.
Ова беше настан од големи размери, на кој имаше преку 200 уесници сите 34 програмски земји во Еразмус+ како и од партнерските Еразмус+ земји од Балканот. Семинарот беше отворен од Министерката за образование, спорт и млади на Р. Албанија. Целта на семинарот беше да се зголеми бројот на апликации во регионот во рамките на следниот повик за предлози Еразмус+ преку понуда на конкретни можности за мрежно поврзување.
Контакт семинарот ги опфати сите меѓународни активности на програмата Еразмус+, со посебен фокус на меѓународната мобилност и градење на капацитетите во високото образование. Што се однесува до претходните изданија, настанот вклучуваше сесии за вмрежување и серија работилници за решавање на прашања, како што се взаемно препознавање на квалификации и периоди на учење во странство, обрасци за апликација Еразмус+, избор и поддршка за учесниците.
Фотографиите се преземени од овде.