Претставници на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ денес беа во посета на Дневниот центар за лица со интелектулна и телесна попреченост кој е во рамките на Центарот за социјална работа – Битола и донираа играчки и други дидактички материјали кои ќе го збогатат секојдневието на лицата кои ја посетуваат оваа институција.
Донацијата ја врачи Раководителот на одделението во Битола, м-р Игор Михајловски, а беше примена од Директорката на центарот, Виолета Гаџовска.