Договор за соработка помеѓу Министерството за здравство и ECPD

Соработка со Факултетот за хотелиерство и туризам – Врњачка Бања
16 јули 2021
Студенти од МСУ на младинска размена во Романија
26 јули 2021

Договор за соработка помеѓу Министерството за здравство и ECPD

На 14 јули во Скопје беше потпишан договор за взаемна образовна, научна и проектна соработка помеѓу Министерството за здравство на Македонија и Европскиот центар за мир и развој (ECPD) при Универзитетот за мир на ОН (UN University for Peace).

Договорот во име на Министерството за здравство го потпиша министерот, доц. д-р Венко Филипче, а во име на ECPD при Универзитетoт за мир на ОН, нашиот професор, д-р Никола Поповски кој е соработник и професор на постдипломските и докторските студии на ECPD.

Договорот ќе обезбеди воспоставување на соработката нa повисоко ниво во интерес на двете институции. Инаку, МСУ „Г. Р. Державин“ и ECPD при Универзитетoт за мир на ОН имаат долгогодишна соработка.