Доделување на награди, шаховски турнир „Державин“ – 2019

Шаховски турнир на МСУ – 2019 година
26 јануари 2019
Избор на нов ректор на МСУ
1 февруари 2019

Доделување на награди, шаховски турнир „Державин“ – 2019

Вториот ден од шаховскиот турнир „Державин“ се одиграа 5 кола или вкупно 11 кола во двата дена. Беа доделени вкупно 24 награди и дипломи, а благодарници добија сите учесници.

Во генерален пласман, најдобар беше Андреј Велјаноски со освоени 10 поени од 11, Мартин Николовски втор со 9 поени, Стојанов Птоломеј Петар со 8.5 поени беше трет. Четврто место Антон Златков, петта Јана Анѓелкоска и шести Константин Лушески. Овие шест најдобри шахисти на турнирот добија парични награди.

Во најмалата возрасна категорија U8, најдобар беше Петковски Никола, Стевков Иан беше втор, трет Митревски Максим.

Во U10, Калин Андреи беше прв, Николовски Кирил втор, Иванов Андреј, трет.

Во U12, Антон Златков најдобар, Павковски Никола втор и Матески Јулиан трет.

Во категоријата U14, Лушески Константин беше прв, Иван Велковски втор и Матеј Звездакоски трет.

Во U16, Ангелкоска Јана беше прва, Марјан Христовски втор, Хедон Мифтари го освои третото место.

Во категоријата девојки, најдобра беше Викторија Велеска, Михаела Зрмановска втора и Инџи Златкова трета.

Детали околу пласманот на шаховскиот турнир може да се погледнат на седниов линк:

http://chess-results.com/tnr404673.aspx?fbclid=IwAR3RhcG7JHyx-PYITAc0Hfag-auxPPzr_Hau8OyMfTDqAzpIAaEqbrQe9QI