Шаховски турнир на МСУ – 2019 година

Дипломираше првата генерација студенти за две дипломи
22 јануари 2019
Доделување на награди, шаховски турнир „Державин“ – 2019
27 јануари 2019

Шаховски турнир на МСУ – 2019 година

Се уште е во тек првиот ден од младинскиот шаховски турнир „Державин“ во организација на нашиот универзитет, кој по трет пат се одржува во Битола.

Пријавени беа вкупно 83 кандидати од земјата од кои дури 42 наптреварувачи имаа рејтинг над 1000. На свеченото отворање на турнирот покрај организаторот, зедоа збор и Сашко Павловски, претседател на шаховскиот клуб „Стево Патако“ – Битола, а турнирот официјално го отвори Валентин Груевски, Претседател на Совет на Општина Битола. Судиската тројка предводена од Тони Кировски беспрекорно ги водеа сите натпревари во шесте кола кои беа предвидени за денес.

Утре, турнирот продолжува од 10 часот со тоа што ќе се одиграат останатите 5 кола, за на крај да се доделат наградите за најдобрите по возрасните категории U8, U10, U12, U14, U16 и останатите.

Бидејќи турнирот е рејтингуван и пријавен во Светската шаховска федерација, резултатите можете да ги проследите на следниов линк:

http://chess-results.com/tnr404673.aspx?lan=1&art=0&fed=MKD&turdet=YES&flag=30&fbclid=IwAR0slT3uahgXu4w5JQgQ4SfrTiAel9g7hpshdyuuz-mN7YgWk_Ww_Nt0u1Q