Деница Василева Молова, м-р Милена Спасова Дејанова, м-р Радка Анастасова Тошева и д-р Николина Јанкова Марева од Универзитетот за агробизнис и рурален развој во Пловдив, Бугарија деновиве се во посета на МСУ во рамки на МСУ во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен/административен кадар.
Во рамки на денешната посета на универзитетот (29 август 2022) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, заменик претседателот на Управен одбор на МСУ, м-р Борче Серафимовски, проф. д-р Катерина Видова, професор по англиски јазик на МСУ и вработените во Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ.