Делегација на МСУ составена од Деканот на Факултетот за безбедносно инженерство проф. д-р Александар Гроздановски, асс. м-р Марија Гроздановска и асс. м-р Мартин Савевски присуствуваше на свеченото затворање на меѓународниот високообразовен и одбранбено-безбедносен проект „Летен кампус 2017″ организиран од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, кое се одржа во центарот за обука „Пепелиште” кај Неготино.
На 8-миот по ред летен кампус учествуваа 116 учесници од армии и универзитети на 12 држави и тоа Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Косово, Словачка, Чешка, Полска, Норвешка, Германија и САД.
Право на учество и оваа година имаа и студенти на МСУ.