Александрина Ганчева, Албена Колева, Катја Петрова и Весела Ангелова од Универзитетот за агробизнис и рурален развој во Пловдив, Бугарија деновиве се во посета на МСУ во рамки на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен/административен кадар.
Во рамки на денешната посета на универзитетот (26 септември 2022) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, заменик претседателот на Управен Одбор на МСУ, м-р Борче Серафимовски и вработените во Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ.