Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) ја утврдува оваа Политика за квалитет со цел да обезбеди дека високообразовните услуги што им ги испорачува на студентите во целост ги исполнуваат нивните реални и искажани потреби, се во согласност со важечките законски прописи, како и со националните и меѓународните стандарди за квалитет во високото образование.

Насоченоста кон потребите и задоволството на студентите претставува основна вредност според која МСУ ја мери и ја определува својата вкупна успешност и општествена одговорност.

За постигнување, одржување и континуирано унапредување на квалитетот, МСУ трајно се обврзува:

  • да вработува стручен, компетентен и мотивиран наставен, соработнички и административен кадар, со обезбедување услови за нивен континуиран професионален развој и усовршување;
  • да обезбедува и одржува современа инфраструктура, материјали и опрема, како и стимулативна и безбедна работна и образовна средина;
  • да негува и развива партнерски односи со релевантни институции, организации и стопански субјекти во земјата и странство;
  • на студентите да им нуди квалитетни, целосни и применливи образовни решенија, усогласени со потребите на пазарот на трудот и општеството;
  • да развива и применува процеси и решенија кои во целост ги поддржуваат барањата, очекувањата и академскиот и личниот развој на студентите;
  • да го применува, следи и континуирано ја подобрува ефикасноста на системот за управување со квалитет, заснован на барањата на меѓународната норма ISO 9001:2015, со стремеж кон нивно надминување;
  • да поставува јасни, амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитет и редовно да го следи нивното исполнување.

Политиката за квалитет се спроведува преку системот за внатрешно обезбедување на квалитет, уреден со посебни правилници, процедури и други интерни акти на Универзитетот.

Оваа Политика за квалитет е усогласена со Стандардите и насоките за обезбедување квалитет во Европската високообразовна област (ESG) и претставува основа за планирање, спроведување, следење и унапредување на сите образовни, научноистражувачки и стручни активности на Универзитетот.

Секој вработен на Универзитетот е должен да биде запознаен со Политиката за квалитет, да ја прифати и доследно да ја применува како трајно начело во своето работење и професионално однесување.