
МСУ на свеченото отворање на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Бангкок
14 октомври 2026
Студентките Анастасија Ичкова и Анастасија Ѓорѓиева на Еразмус+ мобилност во Малта
15 октомври 2026Излезе од печат новиот учебник „Унапредување на менталното здравје во заедницата“ од проф. д-р Мирослав Пендароски, професор на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет. Изданието нуди сеопфатен теоретски и практичен пристап кон разбирањето, превенцијата и унапредувањето на менталното здравје во современото општество.
Во центарот на учебникот е согледувањето дека менталното здравје, покрај неговото значење за поединецот, има суштинска улога во благосостојбата на целата заедница. Преку 14 тематски целини се обработуваат современите хуманистички теории, местото на менталното здравје во целокупниот здравствен систем, значењето на општествената свесност и можностите за унапредување на менталното здравје во локалната заедница.
Покрај теоретските согледувања, учебникот содржи преглед на релевантни научни истражувања и примери од меѓународната практика. Практичните прашања и вежби што ги придружуваат обработените теми овозможуваат продлабочување на знаењата и поврзување на теоријата со практиката.
Изданието е првенствено наменето за студентите на додипломски и последипломски студии по психологија, но претставува корисен ресурс и за стручните лица од сродните професии, како и за сите заинтересирани за оваа област.
Авторот изразува благодарност до менаџментот на Меѓународен Славјански Универзитет, Меѓународниот центар за славјанска просвета (МЦСП), претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев, студентите по психологија и рецензентот, проф. д-р Љупчо Кеверески.
Меѓународен Славјански Универзитет му честита на проф. д-р Мирослав Пендароски за новото издание, кое придонесува за збогатување на академската литература и за подигнување на свеста за значењето на менталното здравје во заедницата.





