
Пет од пет: ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет продолжува победнички
20 октомври 2026
Успешен почеток на „Тепихот на Биг Лебовски“: преполни сали во Свети Николе и Штип
20 октомври 2026Претставници на Меѓународен Славјански Универзитет остварија официјална посета на еден од најголемите приватни универзитети во Бангкок, Тајланд. Dhurakij Pundit University (DPU) е еден од најстарите универзитети во земјата, основан во 1968 година.
Во рамките на посетата, м-р Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор на МСУ, и Иван Спасев, член на Управен одбор на МСУ, остварија средба од Атит Коирала, претставник на Канцеларијата за меѓународна соработка на DPU.
Целта на средбата беше иницирањето соработка за воспоставување програма за краткорочни студентски размени меѓу Северна Македонија и Тајланд. Целта е да се создадат можности студентите на МСУ да престојуваат на универзитетот во Бангкок, а студентите од Тајланд да го посетат нашиот универзитет.
Преку ваквите размени, студентите би имале можност да стекнат нови знаења, меѓународни искуства и пријателства, како и да развијат меѓукултурни компетенции кои се сè позначајни во современото образование.
За време на посетата, претставниците на МСУ го посетија и Саемот за кариера организиран на DPU, каде што имаа можност да се запознаат со практиките за поврзување на студентите со компаниите и работодавачите, како и со активностите насочени кон нивниот професионален развој. Стекнатите искуства и идеи ќе послужат како инспирација за понатамошно унапредување на работата на Центарот за кариера при Меѓународен Славјански Универзитет.
Веруваме дека оваа посета е прв чекор кон плодна и долгорочна соработка, која ќе отвори нови можности за нашите студенти и ќе придонесе кон зајакнување на академските и културните врски меѓу Северна Македонија и Тајланд.









