Меѓународен Центар за Славјанска Просвета, официјалната издавачка куќа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Институтот за култура и уметност при МСУ организираа промоција на книгата „Како споменик“ од Тања Гоцева.
Промоцијата се одржа на 28.10.2021 година со почеток од 17:00 часот во просториите на МСУ пред ограничена публика, согласно протоколите. Настанот беше организиран комбинирано и истовремено можеше да се следи и онлајн, преку платформата Zoom.