Учесници од МСУ на семинарот Modernization in the higher education institutions in the Western Balkan in terms of digitalisation

Во просториите на МСУ промовирана книгата „Како споменик“ од Тања Гоцева
29 октомври 2021
Одржано предавање на тема Психолошка сигурност за време на пандемијата Ковид – 19
29 октомври 2021

Учесници од МСУ на семинарот Modernization in the higher education institutions in the Western Balkan in terms of digitalisation

Четири вработени и студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ учествуваа на семинарот  насловен  Modernization in the higher education institutions in the Western Balkan in terms of digitalisation кој што траеше 3 дена (22 октомври – 24 октомври). Настанот се одржа во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Кампус 2, Штип. Во семинарот беа вклучени учесници од 7 високообразовни институции од Република Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина.

Проектот беше поделен на два дела:

  • Еднодневен онлајн настан пред семинарот во соработка со Европската универзитетска асоцијација (ЕУА).
  • Вториот дел од проектот (тридневниот семинар) се одржа од 22 до 24 октомври 2021 година.

На семинарот учесниците ги споделија своите искуства во дигитализацијата на високообразовните институции, се дебатираше за проблемите кои настанаа при реализација на предавањата во почетокот на пандемијата, се зборуваше за корисни електронски алатки кои можат да го олеснат преносот од физичко присуство кон онлајн присуство на предавања. Учесниците беа задоволни од резултатите постигнати од овој семинар, каде што беа одговорени прашањата поврзани со овој вид на настава.