Се одржа и проекција на документарниот филм „Патот на дервишите“ – автор, сценарист и режисер проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, МАКРО С ФИЛМ ПРОДУКЦИЈА 2015. Филмот е научно-истражувачки проект кој говори за психолошката симбиоза на одредена група на индивидуи и нивниот пат, или тарикат, прикажувајќи ни човекот како културно и социјално битие, неговата личност, сплетот на верувањата на одредени етникуми, обредната практика што со векови ја чуваат како најголемо културно наследство, нивната (не)поврзаност, сличностите и за разликите, за сето она што ги зближува, поврзува, преклопува или што ги дистанцира.
Сликарот и хуманист Живко Поповски Цветин ги овековечи работилниците со фениксите за да не потсети дека „Крајот не значи вистински крај, туку секој крај означува нов почеток“. За време на кафе паузите посетителите имаа можност да ги збогатат нивните домашни библиотеки со изданија од повеќе издавачки куќи во земјава.
За посета на нашиот настан сите учесници добија и сертификат за учество.