По големиот интерес за „Деновите на психологијата на МСУ“, воведовме циклус на отворени предавања на МСУ. Започнавме со вечерни дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова. Првата дискусија беше бесплатна и се одржа на 3-ти декември 2020 на тема „Стоицизам – како начин на живеење во модерно време“ со околу 140 учесници.
Дискусијата се одвиваше онлајн преку платформата Zoom и траеше околу 2 часа. Наредната дискусија е закажана за 17-ти декемри од 21:00 часот.