На 20.03.2022 година (недела) заврши и вториот ден од меѓународниот шаховски турнир „Славјански“ на кој учествуваа повеќе од 150 шахисти од 5 држави. На доделувањето на наградите на најдобрите шахисти беше присутен и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој ги додели наградите на најдобрите пред присутните во амфитеатарот на МСУ.
Победник на меѓународниот шаховски турнир „Славјански“ е Филип Панчевски, репрезентативец, кој игра прва табла во дресот на Македонија со освоени 8 поени. Второ пласиран е Емил Ристевски со 7 поени, а на трето место Тони Лазов исто така со 7 поени.
Од Б турнирот – натпреварувачи со возраст до 16 години победник е Никола Јаневски. Второ пласиран е Јулиан Матески, а на трето место е Никола Петровски.
А Турнир – ОПЕН
Б Турнир – натпреварувачи со возраст до 16 години (родени 2006 и помлади) и рејтинг до 1800