Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на бесплатен курс на тема “English for Higher Education Academics“, во организација на Atlas Language School од Даблин, Ирска. Настанот кој успешно се одржа на 19 и 20 февруари во Свети Николе привлече интерес кај предавачи и професори од високообразовни установи од Република Северна Македонија, како и други заинтересирани учесници.
Предавач на курсот беше Пол Финерти, Еразмус+ координатор и предавач од Atlas Language School, кој на предавањата се фокусираше на изговорот и различните техники за одржување на предавања. Особено внимание беше посветено на примената на вештачката интелигенција во образованието и нејзиното влијание на академскиот интегритет, тема која предизвика значителен интерес и дискусија помеѓу учесниците.
Учесниците имаа можност да учествуваат во две сесии секој ден, со можност за вмрежување и размена на искуства после предавањата. Предавањата завршија со сесија за прашања и одговори, овозможувајќи им на учесниците директно да комуницираат со предавачот и да добијат дополнителни совети и насоки за нивниот професионален раст и развој.
Оваа иницијатива е значаен чекор кон подобрување на квалитетот на високото образование и подготовката на предавачите за справување со предизвиците на меѓународната образовна средина.