По повод празнувањето на 222 години од раѓањето на Александар Сергеевич Пушкин и Денот на рускиот јазик, на 7 јуни 2021 во паркот кој го носи името на Пушкин во Општината Кисела Вода (Скопје), се одржа традиционалното полагање на цвеќе пред споменикот на поетот.
На настанот учествуваа делегација на Амбасадата на Русија, предводена од Амбасадорот Н.Е. С.А. Баздникин, делегација на Општината предводена од градоначалникот Ф. Темелковски, Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р В. Стојковски, делегација на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“, предводена од проф. д-р Ј. Ѓорчев и други делегации.
По полагањето цвеќе се одржа концерт во организац ија на руските сонародници, на кој што настапија ученици и студенти од Центарот за изучување на рускиот јазик „Озарение“, Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“од Свети Николе и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Сите учесници добија подароци од агенцијата Россотрудничество – книги на познатите руски писатели.
Од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ настапија Стефан Ѓорчев и Игор Тошев.