Со „Дигитална економија“ започна Летната лидерска школа

На МСУ во Битола врачена наградата на Битолски весник „Тоде Петревски“
6 јуни 2021
Се одржа предавањето на тема „Креативниот и иновативниот потенцијал во функција на лидерството“ од Летната лидерска школа
10 јуни 2021

Со „Дигитална економија“ започна Летната лидерска школа

„Дигитална економија“ беше првото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД – Штип.

„Дигитална економија“ се одржа на 8 јуни 2021, со почеток од 20:00 часот и имаше околу 250 учесници, а предавач беше проф. д-р Никола Поповски од Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Беа опфатени дефиниции, историскиот пат до дигитална економија, дигитално општество, карактеристики и манифестирање, перспективи, итн. На крајот на предавањето беше оставен еден час за прашања и дискусија.



Пред почетокот на предавањето, на отворањето на Летната лидерска школа се обратија проф. д-р Јулијана Силјаноска, продекан за настава на Факултетот за економија и организација на претприемништвото при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Кирил Јорданов, претседател на Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД – ШТИП.



Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Повеќе информации за следните вебинари можете да дознаете на веб страницата на Летната лидерска школа.