Студентски блог: Колку е важен правилниот избор на високото образование – Слободанка Кузманова

Во Битола одбележан Денот на руската дипломатија
10 февруари 2021
Тони Зен и Иванчо Горјанин гостуваа на петтиот дел од вечерните дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова
12 февруари 2021

Студентски блог: Колку е важен правилниот избор на високото образование – Слободанка Кузманова


Колку е важен правилниот избор на високото образование


 од Студентски блог – студентски размислувања


Меѓународен Славјански  Универзитет „Гаврило Романович Державин“ ми ги прошири видиците. Кога работите со вистинските луѓе, не Ви е потребно долго време да се претворите во најдобрата верзија од себеси!

Пишува: Слободанка Кузманова, студент на Факултетот за психологија при МСУ

Квалитетниот и добар кадар од професори се најголемото богатство за еден студент. Силната енергија на еден професор кој умее солидно да Ви ја пренесе, Ве претвора во друга личност.

Да се запишам да студирам психологија е желба која се роди во мене поради неколку причини. Едната од нив е што самата посетував психолог за надминување на свои лични кризи за кои само сум мислела дека се ненадминливи. Моќта која ја имаат во себе тие битија што можат да Ве променат од корен е толку силна што би срушила и планини. По напуштањето од просторијата на психологот во која ги одржував тие сеанси во мене гореше таа силна желба да студирам психологија. Јасно е и зошто. Гореше желбата да пружам помош на луѓе кои само мислат дека животот им пропаднал. Да ги направам силни оние кои помислиле барем еднаш дека се најслабите и да ги уверам дека себесакањето нема цена. Тоа е се!

За моите соништа да ги реализирам се запишав да студирам психологија на МСУ во Свети Николе. Иако се запишав да студирам вонредни студии присуствував на предавањата. Текот на првиот семестар уште повеќе ми мамеше воздишки. Иако предавањата се одвиваа онлајн во мене амбициите растеа.

Професор кој е богат со знаења и на вистински начин умее да ги пренесе на студентот е добар професор чие производство се добрите студенти. Само големите професионалци може да Ви упатат совети, кои истите ќе се уверите дека Ви се од полза.

На МСУ нема омаловажување на студентот од страна на професор, тука нема потценување и навредување, овде професорот го гледа потенцијалот во Вас.

Луѓето тука се некако посебни, во секое време ни се достапни. Таа харизма, таа топла енергија уште повеќе ме поврзуваше за овие студии. Јас во себе пораснав. Јас за себе победив. Се почувствував помоќна за само поминат еден семестар. Присуствував на многуте едукации за личен раст и развој. Да работиш на себе е најдобриот избор за себе. Безусловното прифаќање на себеси е зелено светло за чекорење кон своите цели, а секако, ако се прифаќаш себеси ги прифаќаш и другите.

Универзитетот одржува денови на психологија на кои се учествува масовно, а исто така и бесплатни вечерни дискусии. На овие дискусии учам за разни психолошки и филозофски правци. По завршување на истите, размислувам подалеку, уште повеќе истражувам да се едуцирам и да научам уште повеќе.

Универзитетот ми нуди можности за моето понатамошно учење,создавање и живеење. Искуствата им се големи, а знаењата дебели. На трпелив начин низ авантура и страст го завршив овој семестар со солиден успех. Но, она што сега вистински го заклучив е да сакаш да успееш е дел од успехот, цврсто да застанеш на нозе, кон остварување на своите цели.

П.С. Да го направиш вистинскиот избор за да вложуваш во себе, не е било што. Затоа направи вистински чекор, вистински избор, за да постигнеш вистински успех.



Рубриката студентски блог е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.

*Сите испратени дела ќе бидат прегледувани од наш стручен кадар. Прифатените дела ќе бидат објавени на нашата официјална страна и секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.