Студентски блог: Се трудиме ли доволно да ги оствариме нашите соништа? – Марија Мишкова

Професори и експерти од пет држави дискутираa за предизвиците во управувањето со човечките ресурси
20 мај 2021
Се одржа вебинарот на тема „Предизвици во образованието и родителството на надареното дете“
22 мај 2021

Студентски блог: Се трудиме ли доволно да ги оствариме нашите соништа? – Марија Мишкова


Се трудиме ли доволно да ги оствариме нашите соништа?


 од Студентски блог – студентски размислувања


Пишува: Марија Мишкова, студент на Факултетот за Психологија при МСУ

Од мали нозе сонуваме и сакаме да ги оствариме нашите соништа. Се замислуваме да бидеме доктори, педијатри, професори, астронаути и т.н. Со текот на времето како растеме се трудиме да ги оддржуваме овие наши соништа, наши мечти за кои сме зграпчени како мали деца за својата мајка. Но, патот до остварувањето не е толку лесен и едноставен како што замислуваме во нашите глави. Сфаќаме дека треба да се бориме константно и да се трудиме да се надоградуваме  самите себеси, секогаш да бидеме чекор напред од другите да ги поставиме нашите идеали и да избереме модел кој ќе го следиме и ќе се огледуваме во него.

Јас, денес сум мајка, родител на две прекрасни деца кои ми го исполнуваат животот, денот и утрото со светлина, радост и среќа. Се борам за нив за подобро утре и подобра иднина. Мојот сон од малечка беше да станам наставничка, но во животот се јавија многу пресврти и не успеав во тоа, но мојата желба и мојот сон да работам со деца остана да го негувам во мене и да се трудам да успеам еден ден во тоа. Животот не тера  на многу избори да правиме, некои потешки, некои полесни, но јас едно велам: „Никогаш не треба пречките кои ни се јавуваат да ги кондиционираат нашите соништа кои ги негуваме, да не дозволуваме некој да ни каже дека не сме способни за ова или она, или дека тоа не е за тебе“. Мене лично ми се случи да ми се обратат и да ми кажат дека не сум била млада да се запишувам на Факултет, на овие години што ќе ми требало и што ќе сум постигнела со тоа. Јас не дозволив тие луѓе и нивните зборови да ме кондиционираат и да ме премислат. Јас мојот сон сакам да го исполнам, сакам да бидам идол на моите деца и пример за следење.

Сега сум запишана на факултетот за Општа психологија, и јас мојот сон ќе го исполнам и никому нема да дозволам да ми застане на патот! А Вие вашите ќе ги исполните ли?



Рубриката студентски блог е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.

*Сите испратени дела ќе бидат прегледувани од наш стручен кадар. Прифатените дела ќе бидат објавени на нашата официјална страна и секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.