Професори и експерти од пет држави дискутираa за предизвиците во управувањето со човечките ресурси

Виртуелно патување до музејот на Фројд со доц. д-р Ана Чучкова
20 мај 2021
Студентски блог: Се трудиме ли доволно да ги оствариме нашите соништа? – Марија Мишкова
21 мај 2021

Професори и експерти од пет држави дискутираa за предизвиците во управувањето со човечките ресурси

Денес професори од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ земаа учество на вебинар посветен на Меѓународниот ден на човечките ресурси. Вебинарот беше во организација на нашите партнери – Високата школа за безбедност и економика (ВУСИ) од Пловдив, Бугарија и учество земаа професори и експерти од 5 земји.

„За нас е задоволство да бидеме домаќини на ваков настан и да ги зајакнеме нашите односи со нашите меѓународни партнери. Се надевам дека наскоро ќе имаме можност да се сретнеме во живо и да работиме заедно за развој на академската заедница “, коментираше г-ѓа Олга Манолова – претседател на Управниот одбор на ВУСИ, која го отвори вебинарот.

Учесници на настанот беа претставници од:

  • еCampus универзитетот од Италија
  • Грузискиот универзитет Saint Andrew од Грузија
  • ISMA универзитетот од Латвија
  • Високата школа за безбедност и економика од Бугарија
  • Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ од Република Северна Македонија


За време на вебинарот беа презентирани интересни и актуелни презентации, задржувајќи се на предизвиците со кои се соочува секторот човечки ресурси за време на пандемијата.

Првата презентација беше од доц. д-р Валентин Василев од ВУСИ и проф. д-р Иван Ефремовски од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Тие се зборуваа за промените во очекувањата и барањата од специјалистите за човечки ресурси во последната година и половина, кои целосно се променија со оглед на ситуацијата во која се наоѓа светот. Тие исто така ја презентираа идејата за пишување на заеднички учебник на англиски јазик, во кој би учествувале колеги од сите пет универзитети кои беа на вебинарот.



Следната презентација беше од д-р Иза Гигаури од Грузискиот универзитет Saint Andrew, која презентираше тековни податоци за состојбата во областа на човечките ресурси и промените што се налагаат во оваа област. Во последната година и пол, скоро целиот свет се префрли на работење од далечина, што покрена многу нови прашања.

Доц. д-р Габриела Крстевска од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ја презентираше својата студија за предизвиците за време на пандемијата, но и после неа, и за сите промени што ќе треба да настанат.

Проф. Англиани од eCampus е убеден дека резултатите од пандемијата во секторот за човечки ресурси допрва ќе се чувствуваат во деловните субјекти, универзитетите и сите сфери во кои работат луѓето. „Новото нормално допрва ќе се воспоставува низ целиот свет. Специјалистите за човечки ресурси се принудени брзо да се прилагодат на околината, да ги мерат ризиците и да работат, како со раководството на соодветната компанија, така и со вработените, за целиот процес да се одвива непречено“.



На вебинарот присуствуваа и претставници на бизнис секторот и локалната самоуправа: Ванко Иванов – раководител на човечки ресурси, општина Пловдив, Ивајло Спасов – човечки ресурси, секретар во БНТ – Пловдив, д-р Младен Младенов – адвокат, специјалист за правна заштита во управување со човечки ресурси, Костадин Георгиев – Главен експерт „Европски програми и одржлив развој“, Општина Благоевград, Надја Чушкова – директор на човечки ресурси во „БЕЛЛА – Бугарија“.

Вебинарот го затвори доц. д-р Људмила Дикова, која беше и модератор на состанокот со резимирање на досега кажаното и покана до присутните на следни заеднички настани.