Студентски блог: Позитивен став, позитивен живот! – Елена Серафимова

Распоред за АПРИЛСКА испитна сесија – последипломски студии – Свети Николе и Битола
8 април 2021
Студентски блог: Потреба од психолог – Симона Јовановска
16 април 2021

Студентски блог: Позитивен став, позитивен живот! – Елена Серафимова


Позитивен став, позитивен живот!


 од Студентски блог – студентски размислувања


Пишува: Елена Серафимова, студент на факултетот за Психологија при МСУ.

Секој има своја перцепција за реалноста. Работите околу нас се такви какви што се, но начинот на кој ние ги гледаме покажува колку и како тие се значајни за нас. Се што очекуваме од себе и од околината  многу влијае врз нашите успеси во животот. Денес, многу луѓе се склони кон негативни влијанија, со што се ствараат негативни очекувања. Но тоа може да се смени со „вбризгување“ доза позитива секој ден, секое утро со помислата дека се ќе биде во ред. Како минува времето, ќе станува се подобро и подобро. Кога ќе ја отфрлиме таа наметната негативност, мислите ни се разбиструваат и усмеруваат кон позитивна насока, а со тоа и целото наше однесување.

Доза оптимизам секој ден, за позитивно гледање на работите околу нас и очекување на најдобар исход од планираното. Дали е нешто попупразно или полу полно зависи од нас, нашето гледање кон работите, кон надворешниот свет. Ако ни се случило нешто лошо во минатото, не треба да се навраќаме кон тоа, туку да ги цениме тие лоши случки кога ќе ни се случат добри работи во животот. Секој треба да „соработува“ со животот и да ги ужива сите негови убавини. Така  оптимистички, најдобро се чувствуваме и  својата енергија не ја трошиме кон минатото или негативните мисли. Во секој од нас постои позитивна искра да заблеска и да ја емитираме околу нас и кон другите. Така и нашиот живот и другите животи ги правиме поубави.

Битна е самодовербата да ни е на прво место. Ако имаме позитивен став кон нас самите и кон другите, кон надворешниот свет, ќе имаме и комплетна доверба. А со самодовербата работите ќе одат во наша полза! Не со одбивање, туку со мотивирање, позитивни мисли ја зголемуваме нашата самодоверба. Кога веруваме во себеси, влеваме доверба и во другите. А позитивниот социјален живот доведува до позитивните чувства на исполнетост, истрајност, припадност. Позитивните емоции како што е среќата, интересите ни даваат за можност  да уживаме во мигот и убаво да размислуваме за иднината.

Среќата е во самите нас! И за крај мојата омилена реченица –  Какви ни се мислите,таков ни е животот!



Рубриката студентски блог е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.

*Сите испратени дела ќе бидат прегледувани од наш стручен кадар. Прифатените дела ќе бидат објавени на нашата официјална страна и секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.